HIPTEN® полиетиленот со ниска густина (0,917-0,922 g/cm3) е идеален материјал за пакување на прехрамбени и други производи, било да станува збор за поединечно или групно пакување (вреки, пакување на прехрамбени производи, индустриски вреки, одмотување на палети). Ламинирање и каширање на хартиена амбалажа со полиетилен со ниска густина се незаменливи при пакување на течности, поготово во прехрамбената индустрија (млеко, овошни сокови).
HIPTEN® кополимерите со хексен со потполна сигурност можат да се употребуваат за пакување на прехрамбени производи, бидејки во контакт со храната, органолептичките својства на храната остануваат непроменети за што сведочат атестите на Zavoda za zaštitu zdravlja Srbije и потврдата за усогласеност со европските прописи за материјали (Statement of Conformity) издадена од Institute for Public Health, Марибор, Словенија. HIPTEN-от покрај наведеното се користи и во градежништвото, земјоделието и во секојдневниот живот (градежни и агро-фолии, изолација на електрични кабли, играчки, затворачи, предмети за домакинството и медицината).
HIPTEN® TIP | ПРИМЕНА |
22003 | Индустриски вреки, агрофолија, термособирачка фолија |
22006 | Термособирачка фолија, екструзија на непритисочни цевки |
22007 A17 | Фолија за млеко, термособирачка фолија, трегер кеси |
21018 A6 | Филм за општа намена, Бризгање на предмети со мали димензии |
22020 | Каширање |
21010 | Бризгање на предмети со мали димензии |
21015 | Бризгање на предмети со општа намена |