За Нас


Петро М доо Скопје веке 25 години во Македонија го застапува реномираниот петрохемиски комплекс HIP-Petrohemija Pancevo со дистрибуција на полимери, како и техничка подршка кај Македонските производители.


“HIP-Petrohemija ” a.d. Pancevo е водечки петрохемиски производител во Југоисточна Европа со традиција подолга од три децении во производството на – (PEVG – полиетилен со висока густина HIPLEX® ), (PENG – полиетилен со ниска густина HIPTEN®), како и (SBR – синтетички стирен-бутадиенски каучук HIPREN®), кои наоѓаат примена во изработка на многубројни производи кои се дел од секојдневниот живот создавајки го поквалитетен у поудобен. Во асортиманот покрај полимерите се наоѓаат и базните производи – етилен, пропилен, C4-фракција, пиролитичко масло, пиролитички бензин, метал-терцијален-бутил-етар (MTBE) и 1,3-бутадиен.


Целта на Петро М доо како дистрибутер на HIP-Petrohemija Pancevo е да ги снабдува Македонските производители во право време со потребни количини, со висококвалитетен репроматеријал кој овозможува поголема продуктивност, оптимална потрошувачка на електрична енергија, намалување на штетните емисии во воздухот, земјата и водата, сведувајки ги на минимален ризик потенцијалните опасности кон животната средина. Обезбедувањето и унапредувањето на квалитетот на нашите производи се постигнува со примената на интегрираниот систем на управување со квалитетот и заштита на животната средина ISO 9001 : 2008 ISO 14001 : 2004, како и со системот за управување на лабараториските испитувања по ISO/IEC 17025:2006. Сите полимери имаат Потврда за усогласеност (Statement of Conformity) со европските (EU) прописи за материјали кои доаѓаат во контакт со прехранбени производи, издаден од Institute for Public Health, Марибор.