REACH


REACH е европска регулатива (EC 1907/2006) која е на сила од Јуни 2007 год. со која се пропишуваат регистрација, евалуација, авторизација и рестрикција на хемикалиите.


REACH регулативата (EC 1907/2006) ги заменува постоечките законски прописи кои се однесуваат на околу 30.000 посточки супстанци во европската база на податоци за хемиски супстанци.


REACH регулативата пропишува и начин на регистрација на нови супстанци кои се пуштаат во промет и употреба, како и рестрикција на постоечките супстанци кои се ризични или многу ризични по луѓето, живиот свет или животната средина.


Основните цели на REACH регулативата се заштита на здравјето на луѓето и заштита на животната средина со истовремена заштита и сочувување на пазарната конкуренција, како и унапредување во развојот на хемиската индустрија.


“HIP-Petrohemija” a.d. Pancevo со примена на постоечките стандарди ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004 во потполност ги следи највисоките стандарди кои препишуваат заштита на здравјето и безбедноста на луѓето и заштита на животната средина преку што ја изразуваат својата намера да ги исполнат сите потреби кои се пропишани со REACH регулативата.


Сите супстанци се пред-регистрирани во Европската агенција за хемикалии во Хелсинки, во склад со пропишани временски рокови, што на тој начин овозможува понатамошен непречен пласман и продажба на производите на HIP-Petrohemija a.d. Pancevo без никакви ограничувања на пазарите во ЕУ.